Македонија

Нов „Рамстор“ во Чаир

14 Oct 2021

Компанијата „Рамстор" – Македонија отвори нов маркет „Рамстор Експрес“, лоциран на улицата Кемал Сејфула бр.14 во Чаир.

Модерно дизајнираниот „Рамстор Експрес“ се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 10 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.

Во маркетот, кој беше отворен на 8 октомври,  во секое време на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, како и повеќе од 5000 производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот

Големиот број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис-производи го одбележија отварањето на овој маркет и ќе траат до 17.10.2021, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето, соопштуваат од „Рамстор“

Со новиот маркет во Чаир, синџирот „Рамсторе" – Македонија достигна до вкупно 28 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 22.000 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.

Како што најавија од компанијата и годинава продолжуваат со инвестициски пораст и развој во земјата, преку отворање на уште 3 нови маркети до крајот на годината.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...