Почитувани соработници, клиенти, автори,
Интернет порталот на InStore воведува нова рубрика, наречена Колумна во понеделник, во која главниот збор ќе го имате – Вие!
Вие секогаш имате што да кажете; вие ги знаете предизвиците и ги наоѓате решенијата; вие произведувате, продавате, извезувате, дистрибуирате...вие ја правите приказната на пазарот. Затоа, InStore одлучи да овозможи таа приказна преку нас да стигне до сите вас.
Сакаме почетокот на секоја работна недела да биде обележан со позитивни примери, конструктивни предлози или корисни заклучоци на нашите колумнисти – а нивните колумни да им дадат ветар во грб на нашите читатели и да ги инспирираат за нови потфати.
Колумната треба да биде личен осврт на некоја ситуација, феномен од работата или општеството, нешто што лично ве фасцинира или ви пречи, нешто на што сакате да обрнете внимание, да пренесете свое размилување, свој став кој може и да не е компактибилен со активностите на компанијата. Како субјективен став, може да биде информативна, иронична, сатирична колумна...изборот е лично Ваш. Има едно ограничување, а тоа е - колумната никако не смее да биде ПР текст.
Доколку сакате Вашиот став да биде видлив и гласен, и сакате да бидете наши први колумнисти, пријавете се до 15.10.2021, на alma@instore.mk. По Вашата пријава, ќе ви испратиме попрецизни насоки.
Се читаме на www.instore.mk!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.