Македонија

Денеска се отвори третиот „Дим маркет“ во Куманово

28 јул 2021

Компанијата „Гранд пром Зур“ денеска (28 јули) го отвори новиот „Дим маркет“, кој е 11. продажен објект од овој формат и трет во Куманово.

Хард-дисконтот се наоѓа на улицата Трета македонска ударна бригада, бр. 36/1. Вкупната површина на новиот објект е 380 квадратни метри, од кои 300 квадрати се продажен простор, а 80 се магацински. За услугата се задолжени 8 вработени, а потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат околу 2.000 активни производи.

Ова е третиот „Дим маркет“ во Куманово и вкупно 11. продажен објект од овој формат. Досега компанијата „Гранд пром Зур“ има вкупно 31 продажен објект во малопродажната мрежа, од кои 20 „Зур“ и 11 „Дим маркет“.

Како што и претходно најавија за InStore од компанијата, во подготовка е и наскоро ќе биде отворен уште еден „Дим маркет“ во Куманово.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...