Македонија

Олеснети критериумите за финансиска поддршка за производствените компании

19 Jul 2021

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Со овие законски измени се олеснуваат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании. 

Со измените на овој Закон ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година. 

Согласно законските измени:
-Се олеснуваат условите за доделување на финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на Ковид
-Се зголемува опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за финансиска поддршка
-Се подобруваат условите за инвестиции од дијаспората
-Дополнителна финансиска поддршка за компании кои се од помалку развиени региони во државата
Целта на измените и дополнувањата на овој закон е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата на Македонија и на вработувањата.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите почна да се применува во 2018 година како дел од Планот за економски раст на Владата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...