Во средата (14 јули) компанијата „Гранд пром Зур“ отвори нов „Дим маркет“, кој е 10. продажен објект од овој формат и втор во Куманово.
Хард-дисконтот се наоѓа на улицата Доне Божинов, бр. 49. Површината на продажниот и на магацинскиот простор e 700 квадратни метри. За услугата се грижи тим од 10 вработени, а потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат околу 2.000 активни производи.
Ова е вториот „Дим маркет“ во Куманово и вкупно 10. продажен објект од овој формат. Досега компанијата „Гранд пром Зур“ има вкупно 30 продажни објекти во малопродажната мрежа, од кои 20 „Зур“ и 10 „Дим маркет“.
Пред само еден месец го отворивме првиот „Дим маркет“ во Куманово, а веќе сме во подготовка и наскоро ќе го отвориме и следниот хард-дисконт во овој град, изјавија за InStore од „Гранд пром Зур“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.