Македонија

Бочварски најави зелени коридори на границите за побрз транспорт

06 Jul 2021

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски претстојува во дводневна посета во Брдо кај Крањ, Словенија, каде учествува на Министерскиот совет во рамките на Транспортната заедница. 

Тема на разговорите на Советот беа состојбите во транспортниот сектор во регионот, идните планирани активности, можноста за прошрување на концептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседните земји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата.Во своето обраќање министерот Бочварски го истакна примерот со т.н. зелени коридори кои беа воведени за време на падемијата како успешен пример за брзиот транспорт на стока и медицински материјали се со цел избегнување на тесните грла на границите.

Иницијативата за „зелените коридори“, промовирана во регионот на Западен Балкан за време на здравствената криза, како привремен и брз одговор на тековната здравствена вонредна состојба, имаше за цел спречување на недостиг на неопходна стока и медицинска опрема. Оваа иницијатива се покажа како еден од најуспешните примери за регионална соработка. Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа многу практични во однос на решавањето на итните потреби на населението во време на пандемијата, истакна Бочварски.

Тој кажа дека Владата активно работи на формирање на Агенција за безбедност која ќе има цел зголемување на нивото на безбедност во транспортот преку воспоставување сигурен и безбеден транспортен систем за сите корисници.

Покрај овие теми на Министерскиот совет се дискутираше за новата Стратегија за одржлива и паметна мобилност од перспектива на Западен Балкан како и ажурирање на листата на европското законодавството и нивно прилагодување во членките на Транспортната заедница.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...