Владата на РСМ на денешната седница одлучи од 13 мај (четврток) полицискиот час во земјава да трае од полноќ до 4 часот наутро.
Во согласност со претходното донесената одлука, ноќта меѓу 12 и 13 мај ќе нема забрана за движење на населението, за време на празникот Рамазан Бајрам.
Меѓу другите мерки што се донесени, Владата одлучи и дека угостителските објекти од утре, 12 мај ќе можат да работат до 23:30 часот, но само во отворениот дел од објектите.
Истовремено, на владината седница е одлучено дека може да се организираат настани, согласно наменските протоколи, но само со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.