На 3 април во Битола, на улицата 4 Ноември, се отвори нова филијала на дисконтниот синџир „Стокомак“.
Маркетот се простира на површина од 450 м2 продажен простор и се одликува со современ и простран изглед. Во новиот „Стокомак“ потрошувачите имаат на располагање 4 каси, а за удобноста се грижи тим од 9 вработени. Пред филијалата има и паркинг-простор за 20 возила.
Во маркетот имаме асортиман од повеќе од 1.200 производи за секојдневните потреби на потрошувачите. Во понудата имаме и непрехранбена секција, која секоја седмица е различна. Сите производи се со внимателно одбран и проверен квалитет, достапен по најдобри можни цени, изјавија за InStore од „Стокомак“.
Новата продавница е втор објект на хард-дисконтерот во Битола.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.