Македонија

Повеќе од 2.000 стопанственици викендов се вакцинираа во Србија

29 Mar 2021

Повеќе од 2.000 стопанственици, членки на Стопанската комора на Северна Македонија, викендов во Србија се вакцинираа против Ковид-19. 

Примија „АстраЗенека“ во спортската сала „Чаир“ во Ниш, а како што велат од Комората за МИА, ревакцинацијата им е закажана на 19 и 20 јуни.

Ова е прва ваква акција. Ја организиравме со поддршка на Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), истакнуваат од Комората.

Според Стопанската комора се поминало во најдобар ред, а македонските стопанственици, и покрај големиот број граѓани кои дошле непријавени за вакцинација, завршиле со имунизација до 20 часот.

Во оваа прва акција практично овозможивме вакцинирање на членките кои се дел од органите и структурите на управување на Комората, а бројот на вакцини го определи српската Комора за секоја од коморите-членки на КИФ, нагласуваат за МИА од Стопанската комора на Северна Македонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...