Македонија

Последна помош за исплата на плати

17 Feb 2021

Мерката со која се помагаат компаниите за исплата на плати ќе биде последна од ваков вид, најави премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференцијата за петтиот сет економски мерки.

Да, ова е последно помагање за исплата на плати. Чесно е Владата да ја испрати пораката – очекуваме развој, раст. Тоа се случува во светот, ги следиме трендовите, рече Заев.

Тој сдодаде дека државата сепак е тука и продолжува будно да следи и да им се најде на работниците, на компаниите, на сиртомашните граѓани и на сите кои што се погодени.

Мерката за плати се однесува на погодените компании со повеќе од 30 отсто пад на своето производство, во споредба со трите месеци кои што ги споредуваме сега, со претходната или пред една година, појасни Заев.

Тој објасни дека компаниите кои што покажале пад на нивното работење во ноември и декември лани и во јануари оваа година, во спореддба со ноември и декември 2019 и јануари 2020, ако имаат повеќе од 30 отсто пад, тогаш заслужуваат да им се помогне.

Сите се борат, има компании кои што се со добар профит и со добар раст и развој, има и такви кои што се на прагот на рентабилноста, сите се погодени и затоа континуирано и принципиелно како што помагавме и до сега со платите, така продолжуваме и понатаму да помагаме, рече Заев

Намерно не се земени за споредба месеци како февруари и март, затоа што ќе има дисторзија.

Тогаш веќе беше кризата, како и да мерите. Сепак, ноември и декември 2019 и јануари 2020 беа месеци кога немаше ковид криза, кај нас пандемијата се појаави на крајот на февруари, а рестрикциите почнаа некаде околу 13 март. Затоа е соодветна споредбата на овие три мессеци со тие три месеци. И согласно тоа, таквите компании ќе добиваат помош и поддршка во делот на платите, рече Заев.

Претходно, елаборирајќи ги мерките од петтиот економски пакет, тој рече дека за поддршка на плати во февруари и март 2021 година се обезбедени 1,92 милијарди денари. Со оваа прва мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно, а поддршката ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го детално петтиот сет, оваа мерка е опциска, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или втората мерка – за кредити со нула проценти камата во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, индустрија за организирање настани, транспорт, првиатни здравствени установи.

За втората мерка се проектирани 615 милиони денари или 10 милиони евра и за неа може да се аплицира во 2021 година. Средствата ќе се реализираат преку Развојната банка. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...