Македонија

Извозот од Македонија лани паднал за 7,7 отсто

09 Feb 2021

Извозот на стоки од Македонија лани забележал пад од 7,7 отсто во однос на тој период претходната година, објави Државниот завод за статитика (ДЗС).

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесува 6 милијарди и 633.216.000 американски долари. Вредноста на стоката, во истиот период, изнесува 8 милијарди и 709.485.000 американски долари, што е за 7,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажува статистиката на ДЗС.

Трговскиот дефицит, според ДСЗ, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесува 2 милијарди и 75.269.000 американски долари, а покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-декември 2020, изнесува 76,1 отсто.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...