Малопродажба

Билјана Костов Жежовска: Колички и кошници

11 Mar 2013

Иницијален фактор за задоволството на потрошувачите

 

Колички и кошници
 
Иако потрошувачот го купува производот, а не количката или кошницата, сепак тие играат значајна улога во процесот на пазарење, односно влијаат врз потрошувачката на производите, лојалноста на клиентите и имиџот на супермаркетот.

Автор: М-р Билјана Костов Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"

Факт е дека, во зависност од потребите и навиките, постојат различни профили на потрошувачи кои пазаруваат во супермаркетите. Едни влегуваат за големо периодично пазарење, други, пак, влегуваат за два/три продукта, трети за два/три продукта, но излегуваат со повеќе, додека четврти влегуваат само од љубопитност итн. Токму во ова издание сакам да потенцирам дека за секој тип купувач потребна е соодветна погодност при пазарење доколку супермаркетот се стреми да биде позициониран како најдобро место за пазарење.

 

Какви колички и кошници се користат денес?

 

 

Кога велам погодности за пазарење мислам на количките и кошниците за шопинг што се иницијални во светот на секојдневното пазарување. Шопинг-количките ги има во најразлични форми и димензии, почнувајќи од мали и функционални до големи и габаритни колички за поголема намена. Во последните години сè позастапена е новата генерација на шопинг-колички, целосно изработени од пластика достапни во најразлични дизајни и бои. Во светски рамки, истражувањата докажуваат дека овој тип шопинг-колички се користат на места каде што има екстремни климатски услови со многу дожд, снег и влага, каде што металните колички страдаат од оксидација. Поради не’рѓосувачкото својство, векот на овие колички е трипати подолг, отколку на металните колички. Освен тоа, оваа генерација на шопинг-колички има и други придобивки: уникатен дизајн, различни бои, лесни се за управување, бесшумни, нивното одржување е намалено, пластиката се рециклира итн. Слично како и количките, така и кошниците денес се достапни со најразлични дизајни и големини, согласно потребите на потрошувачите. Сè почести се подвижните кошници со телескопска рачка, што се попрактични во споредба со рачните кошници во поглед на носивоста на тежината кај купувачите.

 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.5

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...