Малопродажба

Билјана Костов Жежовска: Цената – импулс за купување

19 Feb 2013

Како до зголемување на потрошувачката?

Цената – импулс за купување

Атрактивното означување на цената или на информацијата претставува иницијален стимулатор за потрошувачката. Кога тие се прикажани професионално се создава поволен и позитивен впечаток во продажното место.

Пишува: М-р Билјана Костов Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"

Продажбата денес не е ограничена само на размена на стокa за пари. Потрошувачите бараат јасно и атрактивно означување на цените и на сродните информации за производот за да им помогне да го направат својот избор брзо и самоуверено. Факт е дека малопродажните синџири прават сè поголем напор за одржување и подобрување на шопинг-искуството за потрошувачите.

Цената и информацијата за производот се важен импулс за купување. Тоа значи дека атрактивното означување на цената или на информацијата претставува иницијален стимулатор за потрошувачката. Кога тие се прикажани професионално се создава поволен и позитивен впечаток во продажното место.

Во минатиот текст говорев за рафтот и за неговата правилна подреденост, каде што ги споменав профилите за цени како иницијален додаток во малопродажното место. Главен фокус во овој број ќе бидат професионалните решенијата за истакнување на цените, како и на другите вредности на производите.
 
Која е примената на решенијата за етикетирање?

Сведоци сме дека во продажните места на секаков начин се застапени етикетите и дека без нив пазарењето би било незамисливо. Етикетите се концизно објаснување за производите. Етикетите се познати како метод за разлика што му помага на потрошувачот да препознае еден производ од друг. Едноставно кажано, етикетите се видливи носители на информации и директно средство за размена на информации за производот помеѓу потрошувачите и продавачите.

Потребата од етикети е широка и корисна за производи од секаков тип, но кога зборуваме за користењето етикети во маркетите ги земаме предвид алатките за рачно етикетирање со кои се постигнуваат одредени предности.

Обележувањето цени со помош на алатките за рачно етикетирање се прави на брз и флексибилен начин. Тоа значи дека овие решенија ја олеснуваат работата на продажниот персонал и ги заменуваат сите „квазирешенија" за рачно испишување со професионално обележување на цените. Често ги сретнуваме овие етикети на производите во помалите маркети или, пак, на места каде што производите се слободно изложени со цел потрошувачот веднаш да ја увиди бараната цена. Од аспект на потрошувачот задоволството расте бидејќи бараната информација ја има „во рака".


Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.4



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...