Малопродажба

Билјана Костов Жежовска : Рафтот – тивок продавач во супермаркетот

15 Jan 2013

Индиректно зголемување на продажбата

Рафтот – тивок продавач во супермаркетот
 
Факт е дека постојат многу вредности што треба да се земат предвид за водење на успешен малопродажен бизнис, но квалитетно менаџирање на рафтовите е постојан предизвик кај секој менаџер од овој тип.


Пишува: м-р Билјана Костов Жежовска – извршен директор на „Маркето Солутионс"

Рафтот во продажното место се издвојува како важен медиум од причина што тој претставува иницијална точка на контакт помеѓу производот и потрошувачот. Не смее да се изостави фактот дека околу 70% од потрошувачите одлуката за купување ја прават во моментот на пазарење најчесто пред рафтот. Во овој контекст изложеноста или поставеноста на производот на рафтот има водечки ефект врз одлуката на потрошувачот дали да го купи производот или не. Во продажните места од типот на супермаркети, каде што потрошувачите сами се послужуваат единствен продавач е рафтот, па затоа организацијата на рафтот и поставеноста на производите директно влијаат на потрошувачката, односно на профитот. Од друга страна, пак, овие фактори директно влијаат врз задоволството на потрошувачот, на купувачката одлука и на come back стратегијата.
 
Што вели искуството?
 
Колку често во супермаркет наидувате производите на рафтот да се измешани? На пример, да земеме производ што е поставен во повеќе различни вкусови, бои, шифри или слични карактеристики, пакувањето е речиси идентично, разликата е минимална, што би се рекло речиси незабележлива на прв поглед. Сигурно посветувате особено внимание, бидејќи може многу лесно да погрешите во изборот и да заминете со погрешен производ. Постои уште една веројатност што ве принудува да пребарувате меѓу рафтот за да посегнете до бараниот производ. Суштината на овој проблем лежи во подреденоста на рафтот, односно во секциите што се предвидени на рафтот.

Да речеме дека сте го пронашле бараниот производ и се трудите да ја пронајдете вистинската цена. Не можете затоа што таа не прилега на производот што го држите в рака. Колку од вашето време за шопинг ќе го поминете во потрага по вистинската цена? Ќе го оставите производот, па ќе посегнете по конкурентски, ќе го одведете до касата за да ви ја кажат цената или ќе се откажете? Повторно суштината на проблемот е во правилна подреденост на производите на рафт, што значи дека или производот не е лоциран на вистинското место или е разместен.

 
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 2

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...