Малопродажба

Билјана Костов Жежовска: Поголемо задоволство и профитабилност

15 Jan 2013
Со ефективна In-Store комуникација
 
Поголемо задоволство и профитабилност
 
Според најновата статистика околу 70% од купувачите одлуката за купување ја прават во моментот на пазарење, односно на местото на продажба – продавница. Затоа, поставувањето на ефективна in-store комуникација со клиентите е од витално значење за клиентот, а исто така и за трговецот.
 
Пишува: М-р Билјана Костов Жежовска – извршен директор на „Маркето Солутионс"
 
Постојат повеќе агли од кои може да се дефинира местото на продажба, за некои тоа е место каде што клиентот е дојден да купи производ, за други, пак, клучна точка каде што се одвива размената, а за трети последна шанса за да се потсети или да се привлече вниманието на купувачот. Многу е погрешно доколку фокусот е ограничен само на фактот дека местото на продажба е место на размена на стоки за пари. Во овој случај задоволството на клиентите е на ниско ниво, бидејќи очекуваат многу повеќе.
 
Да почнеме најнапред од моментот кога купувачот се упатува кон влезот на продажното место. Иако постојат повеќе теории за односот на купувачот, сите се сложни со единствен заклучок дека првиот впечаток го одредува прифаќањето, односно потенцијалниот купувач. Од особено значење е дека клиентот уште од почетокот добива атрактивна слика за одредени производи или, пак, ја добива правата информација веднаш на удар.
 
Во овој правец постојат различни видови на флексибилни решенија како што се: снап-рамките, самостоечките дисплеи, банерите и многу други слични производи со кои вниманието на купувачот е концентрирано уште од влезот. Замислете дека земате количка за пазарување на паркингот пред супермаркетот и на кабината здогледувате атрактивен постер на кои стои информација дека омилениот производ можете да го набавите за половина цена. Се движите кон влезот на маркетот и на вратата здогледувате табла што вели дека овој маркет е отворен и во недела, го вртите погледот и гледате банер што означува нов производ.
 
Да ја предвидиме обратната ситуација, продолжувате внатре во супермаркет, вадите список на артикли што треба да ги набавите и не знаете каде да се упатите, а времето ви е кратко. Да се прашаме што се случува во вашата свест како купувач? Секако незадоволство од тоа што оставате на случајноста да наидете во посакуваната секција или на среќа да наидете на персонал за да прашате каде е поставено она што го барате. Времето одминува, а напнатоста расте – дали повторно ќе пазарувате во овој супермаркет?
 
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 1


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...