Актуелно

Невиден економски пад во земјите членки на ОЕЦД

27 авг 2020

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) соопшти дека нејзините 37 членки бележат невиден економски пад од 9,8 проценти во вториот квартал во однос на претходниот квартал, како последица на пандемијата на коронвирусот.

Притоа, се истакнува дека актуелната економската криза далеку го надмина падот на БДП од 2,3 отсто, кој е забележан во првиот квартал на 2009 година, во екот на глобалната финансиска криза.

Меѓу земјите од групата седум најразвиени економии во светот кои се членки на ОЕЦД, досега најголем пад на БДП имаше Велика Британија, од 20,4 проценти. Следува Франција со пад од 13,8 проценти во вториот квартал. Италија забележа пад на економијата од 12,4 проценти, Канада 12 проценти и Германија 9,7 проценти, соопшти ОЕЦД.

САД имаат поблаг пад од 9,5 проценти во вториот квартал.

Во Јапонија, каде што како што наведува ОЕЦД мерките за затворање биле помалку строги, БДП паднал за 7,8 проценти во вториот квартал.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Претставуваме: „Арел невромаркетинг“ – лабораторија за анализи, истражувања и едукација

06 окт 2020

Пријавете се за да ве забележат трговците

06 окт 2020

Бектеши: Владини субвенции и за октомвриската плата

06 окт 2020

Горан Теменугов: Половични луѓе

06 окт 2020

Што мисли бизнисот - за и против етнички вработувања

06 окт 2020

Германците повторно панично купуваат тоалетна хартија

06 окт 2020
Вчитува уште новости...