Во Канада повеќе од милион работни места се создадени од јуни до јули, што е знак дека е во тек економското закрепнување.
Институтот за истражување на АДП проценува дека бројот на работни места се зголемил за 1.149.800 низ целата земја во овој период, по постојан пад помеѓу март и јуни.
Според АДП, областите на трговија, транспорт и јавни услуги се гранки каде економското закрепнување е најинтензивно. Во јули во овие сектори се отворени 340.000 нови работни места, а значајно зголемување има и во здравството, рекреацијата, сместувањето и градежништвото.
Пазарот на трудот се зголеми во јули, бидејќи компаниите почнаа повторно да се отвораат. Го зголемуваме бројот на работни места во сите индустрии, рече Аху Илдирмаз, потпретседател и ко-директор на истражувачкиот институт АДП.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.