Малопродажниот синџир ДИС почна кампања „Домашна задача: Купи домашно“ во која учествуваат и српски производители: „Бамби“, „Златиборац“ и „Књаз Милош“.
На прес-конференцијата на која беше најавена кампањата присуствуваа претставници од сите пет компании: генералниот директор на ДИ, Иван Шулеиќ, Немања Брковиќ („Бамби“), Марија Маловиќ („Имлек“), Дијана Савиќ („Златиборац“) и Милана Петровиќ („Књаз Милош“).
Носителот на кампањата е ДИС која ќе има логотип и слоган на кирилица. Исто така и производите ќе бидат поставени на посебно обележано место, а само тука ќе може да се купи и екслкузивната амбалажа на ќирилица, на брендот Plazma.
Обединувајќи се со најголемите српски брендови во заедничка мисија – промоција на домашните производи, завршивме голем дел од домашната задача, истакна Шулеиќ.
Тој додава дека со купувањето домашни производи се помага на целото општество: Во петте компании се вработени повеќе од 4.000 луѓе. На овој начин сакаме да истакнеме дека компаниите што произведуваат во Србија и плаќаат порез во таа држава, создаваат вредност за целото општество.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.