Актуелно

Словенија дава по 200 евра на секој граѓанин

19 мај 2020

Владата во Словенија на сите полнолетни државјани ќе им додели ваучер од 200 евра кој што ќе може да го потрошат за летување на некоја од дестинациите во земјата. Целта е да се стимулира локалниот туризам.

Ваучери ќе добијат и земјоделците но и пензионерите, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за плаќање сместување и истите нема да може да се користат за плаќање во ресторани и угостителски објекти.

Туристичката дејност во Словенија е една од најпогодените од епидемијата на новиот коронавирус, а најголем дел од луѓето кои изгубија работа се токму од тој сектор.

И владата на Србија деновиве почна да исплаќа по 100 евра за секој полнолетен граѓанин на Србија, за да помогне за полесно справување со последиците од коронавирусот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...