Актуелно

Верица Мартиновска: Похрабро, појако, поупорно – се гледаме на 11 мај!

21 апр 2017
Воведничар: Верица Мартиновска,  InStore – Македонија
 

Пролет, расцветани дрвца, луѓе кои спортуваат на кеј, одат по концерти и со видеа го преплавуваат „Фејсбук". Маскирани деца за 1 Април, точаци и сонце секој ден smiley.

Истовремено, блокирана држава, со уплашени фирми и поединци.

Сѐ ова е дел од нашата чудесна Македонија. Како два паралелни светови кои наизменично ги живееме и кои на моменти неизбежно се испреплетуваат.

Во оваа уникатна констелација, ние го организираме третиот FMCG-самит, закажан за 11 мај, во „Александар палас". Можеби звучи лудо, преамбициозно, дури и надмено, можеби изгледа како да се игнорира реалноста и да се продолжува како ништо да не се случува, но дали имаме друг избор?! Не само ние, не само вие, сите заедно – немаме избор!

Единствената опција што ја имаме е да продолжиме напред. И тоа не со истите сили и темпо, туку похрабро, појако, поупорно. Да, работите одат побавно и потешко. Да, за истата работа ни е потребно дупло повеќе напор за да ја завршиме. Да, но ако сме решени, сепак на крај ќе ја завршиме. А мораме да ја завршиме затоа што регионот не стои, светот не стои... Сè оди напред и во секој од нас мораме да ја најдеме силата што ќе ги придвижи работите.

Затоа ние и оваа година за вас носиме врвни предавачи од целиот регион. Со нас ќе бидат истражувачки агенции, консултанти и FMCG-професионалци од Словенија, преку Хрватска, БИХ и Србија, до Македонија. Регионалноста која е главен адут на InStore, оваа година ќе биде главен адут и на FMCG-самитот. Сите тие со нивните инспиративни приказни гарантираат еден феноменален ден, каде сите нешто ќе научиме, на нешто ќе се потсетиме и заедно ќе се дружиме. И ќе си покажеме едни на други дека ние сме тие што не се откажуваат, дека ние сме тие што и покрај сè се жедни за нови идеи и се решени да бидат во чекор со трендовите и со иновациите.

На 11 мај сите заедно ќе покажеме дека FMCG-секторот е моторот што ја движи економијата напред и кој во сето сивило успева да ги набере плодовите на оптимизмот.

Затоа, не дозволувајте другите да ви прераскажуваат за настанот – бидете таму!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Горан Теменугов: Стечај или можност за подобра практика

21 авг 2020

Лозарството и винарството-пред спас или пред пропаст?

21 авг 2020

Јована Младеновиќ: Комуникацијата гради доверба

21 авг 2020

Горан Теменугов: Висок напон, празен паричник

21 авг 2020

Како и кога ќе заздрават македонските компании?

21 авг 2020

Невиден економски пад во земјите членки на ОЕЦД

21 авг 2020
Вчитува уште новости...