Актуелно

Генерален штрајк во Италија поради цените на тестенините

14 Jun 2023

Цената на тестенините во Италија порасна речиси двојно повеќе од стапката на инфлација, поради што организација за заштита на потрошувачите повика на еднонеделен национален штрајк од 22 јуни, откако владата во Рим по состанокот минатиот месец одлучи да не интервенира околу цените.

Сакаме да видиме дали штрајкот ќе ја намали цената на тестенините што никој нема да ги купи, според старата добра англосаксонска традиција на бојкотирање на стоки, вели Фурио Труци, претседател на „Асстоутенти“.Цената на тестенините целосно не е во согласност со трошоците за производство, додаде тој.

Цените на храната пораснаа повеќе во Европа отколку во другите развиени земји во светот, а зголемувањето беше предизвикано од повисоките трошоци за работна сила и енергија, како и од последиците од руската војна во Украина. Цените во Европа растат иако трошоците за прехранбените производи како пченицата за брашно, од кое се прават тестенини, паѓаат со месеци. 

Продавниците и добавувачите беа обвинети дека се алчни, но економистите велат дека профитот на мало е стабилен, а проблемите произлегуваат од повисоките трошоци за производство.

Под притисок, некои европски влади одлучија да ја ограничат цената на основните прехранбени производи или инсистираа на договори со продавниците за пониски цени. Тие потези се популарни кај јавноста, но во реалноста можат да ги влошат цените.

Француската влада постигна тримесечен договор со синџирите на супермаркети за намалување на цените на стотиците основни производи и друга храна, а договорот се очекува да трае во текот на летото. За сличен потег се разговара и во Британија, каде што инфлацијата на цената на храната достигна највисоко ниво во последните 45 години.

Унгарија – која има највисока инфлација на цените на храната во целата Европска унија – и Хрватска воведоа контрола на цените на прехранбените производи како што се масло за јадење, свински котлети, брашно и млеко.

Италијанската влада вели дека ќе ја зајакне контролата на цените и ќе соработува поблиску со регионите, но нема да воведува ограничувања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...