Актуелно

Shoptalk Europe 2023 од 9 до 11 мај во Барселона

29 Mar 2023

Shoptalk Europe ќе собере повеќе од 3.500 носители на одлуки од различни сектори во малопродажбата на саемот што ќе се одржи од 9 до 11 мај 2023 година во Барселона, Шпанија. 

Учесници од повеќе од 55 земји во тек на три дена траење на саемот ќе имаат можност да ги слушнат новостите во ритеил индустријата и да остварат бројни деловни контакти. 

Според зборовите на организаторот, една третина од учесниците на Shoptalk Europe 2023 се Ц - ниво или ВИП - ниво, така што посетителите ќе имаат можност да видат и чујат некои од најзначајните претставници на индустријата и да се запознаат со актуелните трендови и очекувањата за во иднина.

Едноставно кажано, ако сте важни во малопродажбата, морате да бидете на овогодинешниот Shoptalk Europe, порачуваат организаторите. 

На голем број бини, посетителите на hoptalk Europe 2023 ќе можат да слушнат над 175 говорници од Ц - ниво. Програмата креирана за ритеил индустријата е фокусирана на иновации и нови технологии. Исто така, ќе стане збор и за тоа како деловните модели ги менуваат начините на кои потрошувачите купуваат. Слушајте ги лидерите кои ги менуваат правилата на игра и кои ќе ви кажат што треба да направите за да поттикнете раст и успех во вашето работење, заклучуваат организаторите. 

Меѓу говорниците се: 

Wouter Kolk, CEO, Ahold Delhaize Europe & Indonesia, Ahold Delhaize
Alexandra Smith, Head of Space, Range & Merchandising, Morrisons 
Giorgio Busnelli, Director, Consumer Goods Europe, Amazon
Neel Arora, Global Head of eCommerce, Nestlé
Valérie Legat, Chief Digital Factory Officer, Carrefour
Simon Miles, VP Global OmniChannel Commercial Strategy, The Coca-Cola Company
Aprajita Jain, Chief Brand Marketing Evangelist, Google
Alister Greenwood, Head of Global eCommerce Insights & Analytics, Mondelēz International
Ayla Ziz, SVP of Global Sales & Chief Customer Officer, Danone
Stefano Perego, VP, Global Operations Services, Amazon
Selma Postma, Chief Digital Officer, Ahold Delhaize Europe & Indonesia, Ahold Delhaize
Neil Reynolds, VP Global Digital Commerce, Mars Wrigley
Matt Price, General Manager, Uber Eats
Cristina Kenz, Chief Growth Officer, Kraft Heinz International
Arun Chandra Mohan, Chief Digital Officer, Majid Al Futtaim Retail - Carrefour
Shiri Mosenzon Erez, Chief Product Officer, Ocado Group
Jason Lambert, Global VP, Seed Software Services, BEES, AB InBev
Stijn Demeersseman, General Manager, Senior Category Leader, UK/EU, Amazon
Celso Borges Shimabukuro, VP e-Commerce Europe, PepsiCo
Oli Baggaley, Director Digital Strategy & e-Commerce, Ahold Delhaize
Elodie Perthuisot, Executive Director, E-Commerce, Data & Digital Transformation, Carrefour
Mustafa Bartin, Chief Retail-Operations Officer, Migros Ticaret
Tony Navin, eCommerce Director, Kraft Heinz
Tom Betts, Global Data Director, Kingfisher plc
Etienne de Saint Martin, Deputy Chief Information & Data Officer, Auchan Retail
Cristina Marinucci, Head of Global Shopper - Insights & Analytics, Mondelēz International
Kai Herzberger, Group Director DACH & EMEA Commerce, Meta
Mei Chen, Head of F& L UK, US & Northern Europe, Alibaba
Lars Kietzer, VP, Product, Fressnapf Holding/Maxi Zoo

Во рамки на ВИП програмата и Hosted Meetings програмата, трговците и брендовите ќе можат, освен организирање состаноци, да добијат и бесплатна карта за Shoptalk Europe (редовната цена е 1.850 евра), како и надомест на трошоци за хотел и за пат во износ од 650 евра. Исто така, во рамки на овој пакет е достапен и пристап до приватни соби за состаноци, попусти на блок - хотелски соби и пристап до сјајни искуства ширум Барселона, ексклузивни вечери, тркалезни маси и сл. 

Трговците и брендовите можат да организираат осум меѓусебно усогласени 15-минутни состаноци со најголемите добавувачи во индустријата што одговараат на нивните деловни потреби. Пријавата е едноставна, а неопходно е пријавените учесници да бидат повисоки раководители одговорни за купување. 

Рокот за пријава за програмата Hosted Meetings е 6 април, а 80 отсто од капацитетот веќе е РАСПРОДАДЕН! 

Повеќе информации за агендата можете да најдете тука, а информациите за пријава се достапни тука. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...