Актуелно

Се подготвува новиот 100 MUST HAVE 2021/2022 - местото за Вашите брендови!

12 Oct 2021

Веќе четврта година по ред InStore ви овозможува да влезете во престижното друштво на ТОП - 100 брендови во Македонија на единствен начин, преку специјалното издание 100 MUST HAVE.

И годинава InStore подготвува избор на ТОП - 100 брендови што секој трговец треба да ги има на своите полици. Брендовите ќе бидат објавени во специјалното издание 100 MUST HAVE 2021/2022 кое ќе излезе кон крајот на ноември.  

Изборот се прави врз основа на телефонска и на теренска анкета што ја спроведува InStore. Во специјалното издание ќе има и истражувања од реномирани истражувачки агенции за најновите потрошувачки трендови, перцепцијата на квалитетот и цената, најчесто консумираните/користени македонски и странски брендови, споредба колку македонскиот потрошувач ги преферира македонските и странските брендови според категории...

Целта на проектот 100 MUST HAVE е да ја олесниме работата на трговците и на производителите/дистрибутерите – кај првите за изборот, а кај другите за поставување на производите во малопродажните места низ Македонија. 

Изборот на ТОП - 100 брендови е регионален проект на InStore. Минатата година го издадовме третото издание. Специјални едиции се издаваат во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија.

За повеќе информации за продажбата на огласниот простор, може да нè контактирате на: meri@instore.mk

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...