Reframing the Future! или Преобликување на иднината е контекстот под кој агенцијата „Кликер маркетинг“ и редакцијата на трејд магазинот InStore го најавуваат првиот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 20 мај.
Предвидувањето и планирањето на иднината во време на невидени глобални промени, никогаш не било потешко. А сепак потребата за визија, иновација и трансформација никогаш не била поизразена кај бизнисите. Глобалната Ковид - пандемија ги преобликуваше животите и барањата на бизнисите и брендовите, како и секојдневната слика на пазарите во која делуваат. А најмногу ги промени навиките на потрошувачите.
Skopje Marketing Summit ќе се обиде да ги доближи предвидувањата и промените за иднината на маркетингот, и сето тоа засновано на сегашната торбулентна реалност која ни се случува.
На Skopje Marketing Summit ќе се претстават десет искусни маркетинг професионалци/говорници кои преку своите презентации ќе ги откријат клучните предизвици и промени кои ќе влијаат на маркетинг активностите на брендовите во иднина.
Меѓу другото, говорниците ќе споделат и свои согледувања во тоа дали и колку брендовите се загрозени во новите текови, дали во услови на пандемија сепак брендовите може да бидат стабилни и дури да остварат раст, колку се важни податоците и како да се искористат при креирање на брендови и нивно лансирање на пазарот итн.
Skopje Marketing Summit е наменет за сите маркетинг професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот.
Настанот ќе се случува онлајн на 20 Мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://www.marketing-summit.mk/
Се гледаме онлајн на 20 мај!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.