Најголемиот светски производител на чоколадо, швајцарската компанија „Бери Калебаут“ почна со работа во фабриката лоцирана во слободната економска зона во Нови Сад.
Тоа е најголемата и најсовремена фабрика за чоколадо отворена во Југоисточна Европа. Планираниот годишен извоз од неа се очекува да достигне 95,7 милиони евра годишно. Вкупниот обем на инвестиции за период од пет години е проектиран на 50 милиони евра, додека планираниот почетен годишен производствен капацитет е 50.000 тони.
Планираниот годишен извоз од фабриката во Нови Сад се очекува да достигне 95,7 милиони евра годишно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.