Актуелно

„Кауфланд“ и „Глобус“ го купуваат „Реал“

30 дек 2020

Германската канцеларија за заштита на конкуренцијата одобри купување на 116 продавници „Реал“ во Германија од малопродажните синџири „Кауфланд“ (групација „Шварц“) и „Глобус“.

Канцеларијата донесе конечна одлука во корист на „Кауфланд“ со што синџирот ќе може да преземе 92 продавници „Реал“ во Германија, „Глобус“ доби одобрение за купување на 24 продавници.

„Кауфланд“ се пријави за преземање на 101 продавница, но според Агенцијата трговецот мораше да се откаже од девет, бидејќи во спротивно конкуренцијата ќе беше загрозена.

Германскиот синџир „Едека“ исто така беше заинтересиран за купување, но Канцеларијата го стави нивниот случај во мирување. Крајниот рок за одлука е продолжен до 22 февруари 2021 година.

Да потсетиме, на почетокот на оваа календарска година, матичната компанија „Метро“ го продаде синџирот хипермаркети „Реал“ на луксембуршкиот фонд СЦП, во кој главно има руски инвеститори.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...