Видео вести

(ВИДЕО) Ковид-19 како осамено чудовиште

12 јун 2020

Креативци го оживеаја вирусот како тродимензионален анимиран лик, кој ќе потсетува на важноста од социјално дистанцирање.

Бактериите и вирусите играле главни улоги во рекламите со децении – тие најчесто се прикажани како одбивни, комични, понекогаш зголемени до човечки димензии... Сепак, Ковид-19 е нешто различно и е многу чувствителен обидот тој да се персонифицира.

Група креативци од Торонто го прифатија предизвикот и смислија кампања #MakeCovidLonely, во која вирусот е тродимензионален анимиран лик. Целта на видеото од 60 секунди, според нив, е едноставна – да ја истакне важноста од социјалното дистанцирање иако многу луѓе што се во карантин сакаат човечки контакт по неколкумесечна изолација.

Ковид-19 сè уште изгледа апстрактно за многумина, што го отежнува одржувањето на физичката дистанца. Но, токму дистанцата и вирусот го прави осамен. A, тоа е единствениот начин да го победиме, вели Метју Дон, еден од креативните директори на проектот.

Видеото на „Јутјуб“ го прикажува анимираниот лик Ковид-19 на бројни локации како го поминува времето во осаменост. Двоножното чудовиште го посетува „Тајмс сквер“, како и многу плажи, паркови, игралишта, железнички станици... Сè е празно, што го прави овој лик тажен. Неговата очајна потреба за друштво е толку голема, што во еден момент држи натпис на кој пишува „бесплатно гушкање“.

Како саундтрак, тимот ја избрал баладата „Mr. Lonely“, класика од Боби Винтон.

Ние сме тие што ја контролираат инфективната моќ на вирусот – тој не може да се шири ако е осамен, вели 3Д-артистот Томас Даг.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВИДЕО) Божиќната реклама на „Кока кола“ го топли срцето

30 апр 2020

(ВИДЕО) „Амазон“ тестира плаќање со дланка

30 апр 2020

(ВИДЕО)Hennessy ја раскажува приказната на Морис Ешли

30 апр 2020

(ВИДЕО)Линкдин-кампања на „Маерск“

30 апр 2020

(ВИДЕО) Прва реклама на „Кока-кола“ во време на пандемија

30 апр 2020

(ВИДЕО) Nike порачува: Не прави го тоа!

30 апр 2020
Вчитува уште новости...