Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер е новото заштитно лице на трговскиот бренд на „Лидл“ Parkside.
Актерот се појавува во главната улога во неколку реклами на брендот, чие главно мото е „You got this!“. Линијата се состои од околу 800 DIY-производи (Do it yourself, направи сам) за уредување и декорација на домот.
Во соопштението на „Лидл“ се наведува дека Шварценегер е „совршената личност“ за производите од палетата на Parkside, бидејќи и тие и актерот се карактеризираат со зборови како „сила, амбиција и практичност“.
Тука сум за да зборувам за моите алатки за успех. Сè што некогаш сум направил e резултат на тоа што моќта беше во мои раце. Не се плашев од неуспех и да размислувам надвор од кутијата, вели Шварценегер во рекламата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.