Последните години многу се зборува за импакт претпријатијата како хибриден облик на организација кој носи решенија за општествените и еколошките проблеми на финансиски одржлив начин.
Автор: Вали Марсзалек, извршна директорка на мрежата „Глобал компакт“ – Хрватска, vali.marszalek@globalcompactcroatia.hr
Импакт претпријатијата (impact enterprises) претставуваат сѐ поважен дел од економијата на Европската Унија, од кои традиционалните компании имаат многу што да научат.
Порастот на т.н. „претпријатија со влијание“ во последната деценија создава потенцијал за привлекување милијарди капитал, кој ќе биде наменет за создавање позитивни влијанија и вредности за општеството. Успехот на тие компании води кон трансформација на пазарниот систем, доведувајќи го светот во нова ера. Импакт бизнисите имаат цел да го променат светот на подобро, но како можат да докажат дека навистина успеваат во тоа?
Без оглед на големината или секторот, на претприемачите им станува сѐ појасно дека ефективното управување со општествените и со еколошките влијанија е клучно за долгорочна одржливост и за профитабилност.
Управувањето на влијанието е важен чекор од општествено одговорно работење и ненанесување штета, кон вистинско позитивно влијание, чии реални вредности за општеството и заедницата може да се измерат.
Управувањето на влијанието е важен чекор од општествено одговорно работење и ненанесување штета, кон вистинско позитивно влијание, чии реални вредности за општеството и заедницата може да се измерат.
Од друга страна, ако ги слушаме потребите на засегнатите страни, купувачите и клиентите во истиот тој процес, и во согласност со тие сознанија го модифицираме производот или услугата, ќе ја подобриме и ефективноста на работењето. Оттука, управувањето со општествените и еколошките влијанија е пресуден елемент при донесувањето на бизнис-одлуките, бидејќи податоците собрани од мерењето на влијанието може да сигнализираат што носи резултати, а што не. Тоа ни овозможува да донесеме важни одлуки за тоа кога да запреме, промениме или скалираме одредени активности. На пример, ако сакаме да им покажеме на засегнатите страни дека ни се важни и дека нивните потреби ни се на прво место, ќе го интегрираме управувањето на влијанието во бизнисот, со што јасно ќе им дадеме на знаење дека водиме сметка за позитивните и негативните влијанија што нашето работење ги има врз нив.
Првиот чекор во управувањето на влијанието е јасно поставување на проблемите во општеството, со предлог-решенија и план за дејствување.
Мора јасно да дефинираме што сакаме да постигнеме, зошто и за кого. Колку и да звучи инспиративно, не е доволно само да кажеме: Сакаме да го намалиме гладот во светот или Ќе го елиминираме отпадот од околината. При дефинирањето на проблемот мора да бидеме попрецизни. На пример, Сакаме да помогнеме да се намали количеството отпад што се создава во домаќинствата или Да создаваме отпад што може да се пренамени или искористи во производството.
Кога станува збор за решавање на општествените прашања, често имаме големи визии и очекувања од себеси. Иако тоа е за пофалба и за восхит, општествените и еколошките проблеми се многу сложени, со повеќе причини и последици. Затоа, подобро е наместо решение за целокупниот проблем, да се фокусираме на одреден дел, за кој ќе се осигуриме дека имаме доволно ресурси да го решиме. Со тоа ќе ја зголемиме веројатноста за успех, а ќе го поттикнеме и ангажманот на другите засегнати страни за тие појасно да ја видат сопствената улога во целокупниот процес. Иако не можеме да понудиме решение за глобален општествен проблем, ако ја прифатиме сопствената улога во решавањето на дел од сложениот проблем и ако и другите засегнати страни го направат истото, заедно можеме многу да направиме.
Првиот чекор во управувањето на влијанието е јасно поставување на проблемите во општеството, со предлог-решенија и план за дејствување.
Доаѓаме до следниот чекор и прашањето кој сѐ ќе ги почувствува промените предизвикани од нашите активности. Со други зборови, мора да ги запознаеме засегнатите страни.
Важно е уште од почетокот на идентификацијата на проблемот да се вклучат различни групи засегнати страни за да се разбере и нивната перспектива и да се задоволат потребите преку понуда на производи и услуги што се ефикасни и одржливи.
Но, кои сѐ се засегнати страни и дали сите се еднакво важни? Засегнати страни се сите луѓе што на некој начин се поврзани со работењето на претпријатието. Тука се потрошувачите, купувачите, индиректните крајни корисници, вработените и нивните семејства, инвеститорите, други компании итн. Различни засегнати страни различно ги доживуваат исходите од нашето работење, па оттука, и различно ќе ги вреднуваат. На некои од нив нашите производи или услуги влијаат директно, на други индиректно, а на некои дури можеме да имаме и негативно влијание и за тоа мора да бидеме свесни. Кои промени тие ги доживуваат и дали сите промени се еднакво важни? Одговорите на овие прашања ќе ни помогнат да поставиме реални цели на влијание.
Кога еднаш ќе ги поставиме целите на влијание и почетните претпоставки за промените што настојуваме да ги воведеме, следува собирањето и процената на податоците, следење на ефектот и според тоа, ревидирање на целите. Овој процес понекогаш може да биде проверка за веродостојноста. На пример, кога промената не се случува според очекуваното или кога податоците покажуваат дека влијанието на претпријатието врз промената не е толку големо колку што сме мислеле. Затоа, освен доброто дефинирање на проблемот и на сите засегнати страни, т.е. обемот, досегот и траењето на импактот од работењето, многу важно е да се преиспита и дали посакуваната промена би се случила и без нашето дејствување и колкав е ризикот за луѓето и за планетата ако таа промена не се случи според очекувањата. Притоа, особено е важно да се докаже дека токму одредени активности на претпријатието довеле до посакуваните резултати и до посакуваниот општествен ефект. Со тоа се оправдува нивното постоење и дејствување.
За да останеме фокусирани на создавањето влијание врз општеството, управувањето на влијанието би требало да биде вградено во секој сегмент од работењето. Неопходно е да се создаде култура во која вработените се посветени на континуирано учење и усовршување, за да го максимираат позитивното влијание врз општеството и животната средина. За да изградиме заедница во која луѓето ќе бидат посветени на користењето на сопствените таленти и вештини за активно создавање позитивни општествени и еколошки влијанија, вработените мора да имаат целосно разбирање на целите на влијанието што претпријатието ги поставило и како има намера да ги оствари. Мора да веруваат во планот и да разберат која е нивната улога во процесот. Создавањето и поттикнувањето на организациска култура уште на почетокот се пресудни за постигнување на крајните цели на влијанието.
Важно е уште од почетокот на идентификацијата на проблемот да се вклучат различни групи засегнати страни за да се разбере и нивната перспектива и да се задоволат потребите преку понуда на производи и услуги што се ефикасни и одржливи.
Со управувањето на сопственото влијание врз општеството и околината, со поставувањето цели на влијанието, со следење и мерење на напредокот, ќе знаеме дали навистина придонесуваме за општеството и дали позитивно го менуваме животот на луѓето. Управувањето со влијанието е важно и за да се привлечат инвестиции бидејќи овозможува производите и услугите што ги нуди компанијата навистина да направат промена во животот на купувачот. А кога животот на купувачот ќе се подобри, нашите производи и услуги ќе создадат пазарна побарувачка, со што ќе се зголемат и приходите на претпријатието. На крајот, тоа ќе помогне да се осигури финансискиот поврат за инвеститорите.
Затоа, преземете одговорност за влијанието што вашиот бизнис го има врз општеството и животната средина. Одговорете на пет клучни прашања:
Ефикасно управувајте со своето влијание, следете и анализирајте ги резултатите од работата, претворете го посакуваното влијание во реалност и тоа ќе ви се врати повеќекратно. Работете како импакт претпријатие и бидете активен двигател на промените. Вашата цел нека биде подобрување на општеството и заедницата во кои работите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.