„Хајнекен“ во соработка со агенцијата „Вевантморе“ лансира посебно пакување за своето пиво во пресрет на Олимписките игри.
Компанијата под слоганот „ 190 држави под ѕвезда“ претстави ново, колоритно пакување со боите на знамињата на земјите во кои е присутен Heineken.
Со ова ограничено издание на пивото Heineken, ја славиме интернационализацијата. Со комбинирање на елементи од знамињата на различни земји, ова издание го истакнува глобалниот досег и различноста на Heineken . Преку динамична и колоритна презентација, овој концепт ги прикажува богатите повеќејазични и мултикултурни аспекти на земјите во кои се ужива во Heineken , објави агенцијата.
Олимписките игри годинава се одржуваат во Париз, ќе започнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.
Извор: The Dieline
Фото: „Хајнекен“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.