Компанијата „Марс“ во соработка со фудбалерите Лука Модриќ и Букајо Сака ја лансира новата кампања за својот бренд Snickers.
Од компанијата истакнуваат дека целта на кампањата е да се истакнат „автоголовите“ кои им се случуваат на сите надвор од фудбалските терени.
Кампањата вклучува спот со фудбалските ѕвезди како и кратки видео клипови во кои фубалерите ќе го поделат своето мислење за некои од најголемите грешки на навивачите, како пропуштање на гол поради купување на ход дог или доаѓање на стадион со дигитална карта, но со испразнет мобилен телефон.
Навистина уживав во соработката со Snickers, беше забавно да се коментираат некои од најсмешните грешки во фудбалот, грешки кои се случуваат и секој може да си даде автогол, понегоаш ви е потребна помош да се вратите во игра, изјави Модириќ.
Забавната кампања со Модриќ и Шака ги поттикнува љубителите на фудбалот да се насмеат на своите гафови, додека Snickers ти дава вкус на задоволство кое те спасува во моментите кога посакуваш да ја ставиш главата во песок, изјави Вања Вагиќ, менаџерка за корпоративни комуникации на компанијата „Марс“ за регионот УББАИ.
Во рамките на кампањата се одржува и наградна игра.
Извор: InStore.hr
Фото: „Марс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.