Маркетинг

КАМПАЊА: Johnnie Walker во 23 век

01 сеп 2022

Пред две години Johnnie Walker го прослави 200-годишниот јубилеј, а брендот веќе чекори кон иднината создавајќи утописка визија за светските градови во следните 200 години.

Популарниот алкохолен бренд Johnnie Walker лансира нова серија виски насловена Blue Label Cities of the Future 2220. Селекцијата прикажува футуристички интерпретации на градовите Лондон, Хајнан, Тајпеј, Мексико Сити, Сеул, Сиднеј, Бангкок, Берлин и Сингапур. Покрај овие девет града, десетката е заокружена со визија за Марс, односно „Земја 2.0“.

Освен посебната илустрирана етикета, секоја од варијантите на пијалакот има и специјална нота во вкусот која, според брендот, би им се допаднала на идните жители на тие дестинации.  На секое шише има и QR-код, кој кога ќе се скенира, им помага на консументите да патуваат низ времето до 23 век.

Од „Дијаџио“ велат дека со новата колекција од 10 дизајни, Johnnie Walker прави храбар чекор кон иднината и ги истражува темите на геоинженерството, вештачката интелигенција и технологиите што ѝ пркосат на физиката. Преку нив брендот замислува просперитетно и енергично идно општество, кое ги трансформира градските пејзажи и хоризонти, прифаќајќи ги новите научни достигнувања што ги поместуваат границите на можното.1 of 2

Илустрациите се создадени во соработка со мултидисциплинарниот дигитален уметник Лук Холс.

Како и тие што беа пред нас, чекориме напред со цврсто вперени очи во хоризонтот, движејќи се кон иднината преполна со бескрајни можности и верба дека заедно можеме да создадеме подобро утре. Илустрациите на Лук се возбудливо олицетворение на тој идеал, истакнуваат од „Дијаџио“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...