Анализи

ГфК: Преглед на пазарот на приватните трговски марки во светот

09 Aug 2018
Автор: Младен Кожиќ, менаџер на односи со клиенти, ГфК – Хрватска, Mladen.kozic@gfk.com
 

Приватните трговски марки во последните десетина години бележат континуиран линеарен пораст на пазарниот удел во одредени земји, но трендовите на пораст не важат за сите делови од светот. Го имаме примерот со Јужна Америка, каде што уделот на трговските марки од скромен 1,2% е на истото ниво како и пред 10 години. Од друга страна, во Западна Европа трговските марки сочинуваат дури 35% од вредноста на FMCG-пазарот. Најголемата стапка на пораст во десетгодишниот период е забележана на пазарите во Источна Европа. Притоа, минатата година, исто како и во 2016 година, во САД е забележан најголем пораст на уделот на трговските марки (графикон 1).

Ако подлабински анализираме одделни региони, ќе наидеме на важни разлики меѓу пазарите. На пример, во Западна Европа пазари со најголем удел на приватните трговски марки се Велика Британија и Холандија. Додека Германија, Шпанија и Велика Британија минатата година го зголемиле уделот на трговските марки, во Франција, Холандија и во Италија се забележува негово намалување. Порастот на уделот на трговските марки во Германија и во Велика Британија е во директна врска со развојот на дисконтните формати (графикон 2).

По забавувањето на порастот на уделот на трговските марки во 2016 година, поголемиот дел од пазарите во Средна и во Источна Европа го задржаа тој тренд и во 2017 година. Австрија, Бугарија, Романија и Украина го задржаа уделот на приватните трговски марки на нивото на 2016 година. Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Хрватска забележаа благ пораст на уделот, а во Русија и во Србија беше забележан пад на уделот на трговските брендови (графикони 3 и 4).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...