Анализи

Кои трговци најмногу се рекламираат?

14 Aug 2024

Ви претставуваме преглед на огласувањето на трговците на ТВ-станиците во Македонија. Извор за овие податоци е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија  (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на земјата избран од страна на Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во РС Македонија. 

Анализите за Македонија се правени на Live + As Live Activity – тоа се секојдневни рејтинзи кои опфаќаат реално гледање телевизија во живо + рејтинзи од одложено гледање телевизија како во живо на ТВ-содржини во текот на истиот ден кога се емитувани, но не се гледани во живо во времето на емитување. На пример, на одреден канал X се емитуваат вести во 9 часот наутро, гледачот/корисникот ги гледа истиот ден, но не во времето кога се емитувани во живо преку снимање или ТВ-тека (опции што ги нудат ТВ-провајдерите во земјата).

Варијаблата по која се правени извештаите е Eq.GRP и нивниот удел. GRP (Gross rating point) е збир на рејтингот на секој индивидуален рекламен спот, а Eq.GRP (Equivalent Gross rating point) или 30 секунди GRP е еднакво на рејтингот кој би се остварил кога должината на рекламниот спот би била 30 секунди. Секој производ има своја целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за целата категорија каде што тој производ припаѓа да се избере една или повеќе целни групи. Сите извештаи се правени на целна група – сите индивидуи на ниво на цела земја од 4-годишна возраст нагоре. Се разбира дека анализите би биле поинакви кога би се направиле на други целни групи, како на пример: сите 18-49, жени 20-50 и други.

Во табела 1 е даден секторот трговија и кои сè трговци се опфатени во анализата во периодот од 1.1.2023 до 31.12.2023 за ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М.

               

„Нилсен IQ“ прави анализа и на ТОП-огласувачи во периодот од 1.1.2023 до 31.12.2023 за ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М – (табела 2), вклучени се огласувачите што биле активни во периодот на кој се однесува анализата. Дополнително, во табела 3 се дадени топ-брендови кои, како и огласувачите, се рангирани по остварени Eq.GRP.

                          

                                   

 

Извештаи за ТВ-сцената на Косово

Во јануари 2021 година „Нилсен“ почна со услугите за ТВ Ад Интел (Advertising Intelligence) за телевизиските станици во Косово.

„Нилсен“ им обезбедува на огласувачите, агенциите и сопствениците на медиуми слика на целиот конкурентски пејзаж, мониторирајќи: кој се рекламирал - на кој медиум - колку чинела кампањата - колку реклами и кои формати на реклами биле емитувани на ТВ. Во моментов се опфатени следните ТВ-станици: РТВ21, РТК1, Клан Косова, КТВ, Дукаѓини, АТВ, Т7 и Теве1. Официјален претставник на „Нилсен“ за локална продажба на пазарот и партнер е „Пикаса“ – www.pikasa.ai

Анализите се прават со помош на најсофистицираната и најнапредна алатка во процесот на иновации за софтверски анализи на „Нилсен“ – АРИАНА.

Во продолжение може да ја погледнете табела 4 каде што се прикажани категориите во секторот трговија, додека во табела 5 се дадени ТОП-огласувачи по број на инсертации за периодот од јануари до декември 2023 година.

                            

                                                                                

 

Извор за овие податоци се Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија Скопје и „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на Р. Македонија избран од Стопанската интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје. Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје е единствен сопственик на податоците за телевизиската гледаност во земјава и го координира електронското мерење на телевизиската публика во Република Македонија со цел да го унапреди квалитетот на електронското мерење на медиумската публика. Како заедница, формирана е од петте национални терестријални телевизиски станици: „Алсат- М“, „Канал 5“, „Сител“, „Телма“, „Алфа“ и Македонска асоцијација на комуникациски агенции (Агенции за маркетинг) МААМ Скопје. Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија ги промовира идејата, создавањето и развојот на заедницата, транспарентноста на сите полиња поврзани со мерењето на медиумската публика, знаењето за најдобра практика во мерењето на медиумската публика и истражувањето на националните пазари за рекламирање. Таа претставува центар за информирање за мерењето на публиката во Македонија. За остварување на дејноста и целите, СИЗ Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје ја избра „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија како агенција која ќе го спроведе електронското мерење на публиката во земјава за период од седум години.

„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Mакедонија (www.nielsen.com) има поставено панели во повеќе од 30 земји на пет континенти, што ја прави прв глобален провајдер за мерење на телевизиската гледаност (Television Audience Measurement – TAM). Мерењето на телевизиската гледаност со употребата на пиплметарот од системот TAM во досегашната употреба се покажа како најуспешен и најпрецизен начин за добивање информации во Европа и во светот. Успехот е најголем во прецизноста на добивање податоци за програмското и за комерцијалното гледање, прикажано минута по минута, секој ден, 365 дена во годината. „Ниелсен АМ“ има големо успешно искуство во поставувањето пиплметри од системот TAM низ целиот свет. Не постои ниту еден друг провајдер со таква услуга во светот што има можност за одржување на системите во различни средини и култури. Освен во Македонија, „Ниелсен“ има операции и во регионот: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

„Нилсен“ е единствена компанија која 100% е посветена на обезбедување висок квалитет на ТАМ услуги. Оваа обврска за извонредност во овој сегмент од пазарот веруваме дека е резултат на лидерската технологија, супериорната услуга на клиенти и глобалната стандардизација.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...