Анализи

Пикаса: Најпребарувани зборови во категоријата здрава храна, јули 2022

18 Aug 2022

Во јули реченицата Здрава храна за слабеење била пребарувана на интернет повеќе од 150 пати, покажуваат податоците на „Пикаса аналитикс“ од новиот интерактивен продукт од кој во реално време може да се дознае што пребаруваат луѓето на интернет.

Летните одмори ги поттикнаа граѓаните во Македонија да се заинтересираат повеќе за својот изглед, па интернетот е местото каде што најчесто бараат идеи како да се хранат поздраво.

Во јули реченицата Здрава храна за слабеење била пребарувана на интернет повеќе од 150 пати, покажуваат податоците на „Пикаса аналитикс“. На второ место е реченицата Продавница за здрава храна со 100 пребарувања, а на трето место, односно 80 пати е користена низата од клучните зборови Здрава храна рецепти.

При трите прворангирани пребарувања граѓаните користеле латинична поддршка. Првите две најчести пребарувања се реченици, додека при треторангираното пребарување е користена низа од клучни зборови.

Земена е предвид листа со клучни зборови и реченици кои се пребарувани и таа листа опфаќа повеќе од 650 варијации во кои се споменува здравата храна.

Македонските брендови кои се најпопуларни меѓу граѓаните што минатиот период се интересирале за здрава храна се Vitalia, Natura и BioCosmos.

Најпребаруваните продукти на „Виталиа“ биле BronhoVit, безглутенските барови и јаболковиот оцет.

Користејќи латинична поддршка граѓаните го пребарувале BronhoVit, чиј назив и официјално е на латиница. Ист е случајот и со јаболковиот оцет „Apple Cider Vinegar“, додека официјалниот назив „gluten free BAR“ е пребаруван како „bezglutenski bar“.

Од брендот Natura, најпребарувани биле термините „cereal“, „musli“ и „галети“. При првите две била користена латинична поддршка, додека за галети – кирилична.

Најпребаруваните продукти на „Био космос“ во минатиот период биле „тофу“, „козја сурутка“ и „кокосово масло“. При пребарувањето на „тофу“ граѓаните користеле кирилична поддршка, додека за козјата сурутка и кокосовото масло – латинична.

Податоците се добиени преку новиот интерактивен продукт на „Пикаса аналитикс“ кој во реално време ќе им помогне на клиентите да дознаат што пребаруваат луѓето на интернет. Продуктот е аналитички и се состои од многу детализирани прикази на волумен на пребарување, трендови, потенцијални клучни зборови, споредби, категории, класи, личности, институции, брендови итн.

Методологија:

„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).

„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.

Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.

Контакт: Ема Муратова, regional manager во „Пикаса аналитикс“
mail: ema@pikasa.ai mob: 071 233 673

Адреса: Булевар Крсте Мисирков 7 ЛАМ.Ц2/14 , ТЦ Мавровка 1000 Скопје

Тел: +389 2 3212-812



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...