Ковид-кризата алармираше дека е потребно зголемување на домашното производство на храна и поддршка на домашните производители. Токму затоа се прашавме: Каде одат македонските производи? Каква е состојбата на македонските брендови на домашниот и на странските пазари? Кои се нивните предизвици и можности?
Одговорите на прашањата ќе ги откриеме во мартовското издание на магазинот, во рубриката Тема на InStore.
Очекувајте богата содржина:
- Анализа на InStore. Преку бројки ќе ја прикажеме сликата на македонските производи и брендови, ќе понудиме препорака за можностите за надминување на проблемите предизвикани од ковид-кризата.
- Истражување за македонските брендови што специјално за InStore го подготви истражувачката агенција Ипсос. Во него ќе ја прикажеме состојбата на македонските наспроти брендовите од регионот.
- Ќе ви понудиме стручни мислења, препораки, изјави...
Бидете препознатливи и видливи покрај богатата содржина. Вклучете се и вие со вашите огласни решенија и ПР-текстови. Повеќе информации на meri@instore.mk или srme@instore.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.