Кина стана главен трговски партнер на ЕУ во првите седум месеци од 2020 година, со што ги замени САД, кои претходно беа главен партнер на европските земји, соопшти Евростат (Биро за статистика на ЕУ).
Европскиот увоз од Кина се зголеми за 4,9 проценти во периодот од јануари до јули во споредба со истиот период минатата година, додека увозот од САД падна за 11,7 проценти во истиот период.
Извозот од земјите членки на ЕУ во Кина бележи мал пад од 1,8 проценти, додека извозот во САД опаднал за 9,9 проценти, покажуваат податоците на Евростат.
По Кина и САД, водечки економски партнери на ЕУ во првите седум месеци од оваа година беа Велика Британија, Швајцарија и Русија.
Во текот на првите седум месеци од 2020 година, имаше пад на трговската активност поради пандемијата со Ковид-19. Падот на меѓународната трговија за земјите од ЕУ започна во јануари, а закрепнувањето започна во мај кога мерките за затворање полека почнаа да се укинуваат.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.