Свет

Економијата на Турција падна најмногу во последните 10 години

01 Sep 2020

Турската економија падна за 9,9 проценти на годишно ниво во вториот квартал, најсилен пад во последните десет години, поради стопирање на активностите за борбата против инфекцијата со коронавирусот, пренесе „Ројтерс“. 

Во споредба со претходниот квартал, сезонскиот и прилагодениот бруто домашен производ (БДП) падна за 11 проценти, што е најголем квартален пад откако „Туркстат“ започна да го објавува извештајот.

Во првиот квартал, економијата порасна за 4,4 проценти на годишно ниво, според малку ревидираната проценка на заводот за статистика, благодарение на растот на кредитирањето непосредно пред пандемијата да избие во март.

Анкара потоа ги затвори границите, училиштата и деловните активности на одредени компании, вклучително и многу фабрики, и воведе карантински мерки за време на викендите. Поголемиот дел од економијата беше рестартирана во јуни. 

Финансискиот сектор се истакна со раст од 28 проценти во периодот од април до јуни, додека во значајни сектори на индустријата и услугите, според последните податоци, активностите паднаа за 16 и 25 проценти.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...