„Либенсмител цајтунг“ известува дека промените во одделот за набавки што ги планира „Лидл“ значат дека дисконтерот планира да стане уште поагресивен, со оглед на тоа што се подготвува за рецесијата што ќе настане како резултат на пандемијата со коронавирусот.
Доминика Кубиш е именувана како надлежна за организација за набавките на матичниот пазар, во Германија. Таа доаѓа од позицијата менаџер за интернационални набавки во Фондацијата „Лидл“.
Јан Бок, кој во последните години беше одговорен за националните набавки и е заслужен за збогатувањето на асортиманот, се префрла на одделот за интернационални набавки од неколку земји: Холандија, Белгија, Ирска, Чешка и Словачка. Другите пазари на кои е присутен „Лидл“ се поделени меѓу двајцата раководители на оддели Марко Џудичи и Адам Mиштешен и извршниот директор Марк Хаш.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.