Свет

„Волмарт“ ќе ги продолжи разговорите за „Асда“

31 Jul 2020

Менаџментот на најголемиот трговец на светот – „Волмарт“ најави дека најверојатно ќе продолжи со разговорите за продажба на мнозинскиот удел во „Асда“ откако ќе се надминат поголемите предизвици од пандемијата.

Постои можност преговорите да продолжат во одреден момент, но само кога „Волмарт“ ќе почувствува дека тоа е вистинското време, изјави Роџер Барнли (на фотографијата), извршен директор на „Асда“.

Тој додава дека нема причина да не се вратат на маса кога ќе бидат создадени соодветни услови: Имаме нова нормалност, на која треба да се приспособиме и да ја прифатиме.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...