Свет

„Волмарт“ го продаде големопродажниот бизнис во Индија

23 Jul 2020
Најголемиот индиски интернет трговец „Флипкарт“(од лани во сопственост на „Волмарт“) купи 100 отсто удел во големопродажбата од својата мајка-фирма, „Волмарт Индиа Пвт.Лтд“, заедно со сите трговски центри „Бест Прајс“. 
 
Следниот месец ќе биде пуштена во употреба и интернет страницата на „Флипкарт“ големопродажба. Преку неа ќе може да се купува храна, текстил и обувки. Засега не се познати финансиските детали околу аквизицијата. 
 
Оваа зделка ќе му овозможи на „Флипкарт“ поголемо присуство во секторот „храна“ и дополнително ќе го засили неговиот синџир на снабдување. 
 
„Волмарт Индија“ е присутен на оваа територија со 28 „Бест прајс“ трговски центри и со два дистрибутивни центри. Тоа му овозможи на трговецот да услужи околу 1,5 милиони купувачи од различни сектори, особено улични продавници и ресторани. 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...