Свет

„Мигрос“ почнува проект за собирање пластична амбалажа

25 Jun 2020

Швајцарскиот трговец „Мигрос“ ги објави плановите за почеток на нов проект, чија цел е да го олесни собирањето на пластичната амбалажа за рециклирање.

Иницијативата, која треба да почне на 29 јуни во Луцерн, ќе стартува со презентација на пластичните кеси за собирање амбалажи. Специјалните кеси ќе бидат достапни во три димензии, а купувачите ќе ги користат за да ги вратат пластичните амбалажи од домовите до местата за собирање во продавниците „Мигрос“. Трговецот, исто така, ќе им понуди и поени на купувачите што ќе ја вратат пластичната амбалажа.

На крајот од август, „Мигрос“ планира да го прошири проектот во Женева и уште во неколку швајцарски градови. Одлуката ќе зависи од фидбекот што проектот ќе го добие во Луцерн.

Трговскиот синџир го реализира проектот во партнерство со швајцарската компанија за рециклирање пластика „Ино ресајклинг“, со чија помош го произведе амбалажниот материјал.

Со овој потег, „Мигрос“ ќе ја намали употребата на пластика во работењето, во согласност со стратегијата да премине на 100% рециклирана пластика за пакување.

Изворesmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...