Свет

„Алибаба“ и JD.com заработија 122 милијарди евра за 24 часа

23 Jun 2020

Двата најголеми кинески е-трговци – „Алибаба“ и „Џингдонг мол“ (Jingdong Mall, т.е. JD.com), на 18 јуни продале производи во вредност од 121,86 милијарда евра преку своите платформи.

За само 24 часа трговските гиганти обезбедија бројни попусти, достапни за кинеските потрошувачи на фестивалот 618, кој секоја година се одржува во чест на почетокот на летото.

JD.com објави продажба од 269,2 милијарди јуани (33,86 милијарди евра). Од „Алибаба“, соопштија дека вредноста на сите нарачки на нивната платформа во четвртокот изнесувала рекордни 698,2 милијарди јуани, односно околу 88 милијарди евра.

Како што пренесува „Си-ен-ен“, постарите потрошувачи и годинава купувале многу преку интернет, најчесто како резултат на пандемијата на коронавирусот, поради што ограниченото движење.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...