Свет

Грција од идното лето ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба

02 јун 2020

Грција планира до 1 јули 2021 година да ја забрани употребата на пластични производи за еднократно користење.

Ова го најави министерот за животна средина и енергија, Костис Хацидакис, на настан на плажа во Атина, на кој беше најавена соработка меѓу Министерството за животна средина и енергија и „А.Ц. Ласкаридис“, хуманитарна организација, со мото „Грција без пластика за еднократна употреба“.

Хацидакис истакна дека секој ден во Грција се користат голем број пластични производи за еднократна употреба и дека на тоа мора да му се стави крај.

Затоа, почнува иницијативата ‘Грција без пластика за еднократна употреба’, која беше силно поддржана од премиерот, а која мора да се спроведе во соработка со граѓаните, додаде тој. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...