Францускиот синџир за малопродажба „Казино“ планира да отвори уште 300 продавници до крајот на годинава за да ја задоволи зголемената потреба на потрошувачите за достапност на производите.
Според најновите податоци, порастот на приходите во првиот квартал на „Казино“ се зголеми за 6,4%, благодарение на силната продажба на храна на домашниот пазар за време на пандемијата на коронавирус.
Коментирајќи ги најновите информации, Жан-Чарлс Наури, претседател и извршен директор на малопродажниот синџир изјави: Иднината на малопродажбата е да биде што е можно подостапна за потрошувачите. Затоа, ќе отвориме речиси 300 нови објекти.
Извор: esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.