Американската мултинационална компанија „Пепсико“ со седиште во Њујорк, ја активираше својата интернет-продавница pantryshop.com.
Таа ќе им биде достапна единствено на купувачите од САД. Целта е компанијата да воспостави директна врска меѓу купувачите и светски познатите брендови: Gatorade, Pepsi, Tropicana, 7Up, Lay's, Doritos и Quaker.
„Пепсико“ се обидува да го одржи бранот на зголемена потрошувачка на мрежата во текот на коронавирусот. Покрај тоа, се покажа дека луѓето многу повече јадат грицки во овој период кога се дома, а производителот е многу силен во оваа категорија.
Поради тоа, покрај споменатата е-продавница, производителот активираше уште една Snacks.com, каде акцентот е на слатките и солени грицки. Нарачаните производи се доставуваат до дома за два дена, а компанијата најави и зголемување на бројот на производи.
Потпаролот на „Пепсико“, Гибу Томас, истакна дека од идеја до реализација на е-продавниците поминао еден месец.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.