Најпознатиот светски производител на тестенини, компанијата „Барила“, се обврза дека во иднина пченица за производство на тестенини ќе користи само од италијанските земјоделци кои истата ја одгледуваат на одржлив начин.
„Барила“ ќе зема пченица од 13 различни италијански региони, избирајќи четири ексклузивни сорти кои имаат висока содржина на протеини (14% пченица и 13 % семинол), значително жолта боја и минерали. Промените ќе се однесуваат на 10 производи на кои „Барила“ ќе им ја промени не само структурата(рецептот), туку и амбалажата. Легендарното црвено лого ќе остане, а бојата на пакувањето ќе се смени во посветло плава. Картонската амбалажа ќе биде направена од рециклирана хартија/картон.
Компанијата ќе ја добива пченицата од околу 8.000 земјоделци кои се членови на преку 1.000 конзорциуми и задруги во Италија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.