Свет

„Алди“ настапува со заеднички трговски марки

05 May 2020

Двете крила – „Алди норд“ и „Алди зид“ планираат да соединат околу 100 приватни трговски марки до крајот на годинава.

Промената најмногу ќе се однесува на имињата на марките и на пакувањата. Со овој потег трговецот се надева дека ќе добие поголема ефикасност и ќе заштеди од трошоците за пакување и за маркетинг.

Со усогласување на приватните трговски марки, сигурни сме дека на потрошувачите ќе им понудиме квалитет по најдобра цена, денес и во иднина, вели Тобиас Хајнбокел, менаџер за управување со категории во „Алди норд“. Тој додава дека до крајот на 2020 година, поголемиот дел од асортиманот на приватните марки ќе биде идентичен: Сакаме да им го понудиме на потрошувачите тоа што тие го сакаат – едноставно купување и асортиман што ги инспирира, без оглед дали купуваат во „Алди норд“ или во „Алди зид“.

За доставувачите, промената ќе донесе усогласени барања и процеси, како и оптимизација на пакувањата, секогаш кога е можно.

Овој потег е во прилог на шпекулациите за спојување на двете крила на „Алди“ во текот на следните неколку години. Сепак, од „Алди зид“ велат дека двете компании соработуваат потесно од кога било досега, но негираат дека ќе се случи формално спојување.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...