Свет

Маските се задолжителни во сите продавници во Германија

30 Apr 2020

Во Германија употребата на заштитни маски во продавниците е задолжителна во сите покраини.

Од денес и Берлин, како последна покраина, почна со примената на оваа мерка за да го спречи проширувањето на корона вирусот. Како причина за наметнување на мерката, се наведува пред сè, заштитата на вработените во супермаркетите и во продавниците.

Од неделава маските за лице се задолжителни и во јавниот превоз на патници во сите 16 германски покраини. Според последните податоци, во Германија се потврдени повеќе од 162.000 случаи, заразени од корона вирусот, како и 6.467 починати.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...