Свет

Фудбалерите на „Волфсбург“ им помагаат на продавачите во „Едека“

05 Apr 2020

Фудбалерите од Бундеслигата одлучија да ѝ помогнат на заедницата со редовни активности за време на кризата.

Фудбалерите на „Волфсбург“ од истоимениот германски град позитивно одговорија на акцијата „Им благодариме на секојдневните херои“. Тие почнаа со работа во петокот од седум часот наутро во супермаркетот „Едека“, помагајќи им на вработените во редењето на производите на полиците.

Едни од најизложените за време на пандемијата на вирусот корона се вработените во маркетите, па поради тоа, шесте фудбалери на „Волфсбург“ – Максимилијан Арнолд, Џошуа Гилавоги, Ксавер Шлагер, Ренато Штефен, Павао Перван и Јаник Херхарт, одлучиле да им помогнат.

На овој начин, сакаме да бидеме пример за другите. Поминуваме низ тежок период и најважното во овие моменти, е да се држиме сите заедно. Сакаме да покажеме дека сме дел од заедницата и можеме да помогнеме во секојдневниот живот на луѓето, изјавија фудбалерите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...